Јован Петрески
Роден на 26.05.1976 година, во Скопје. Во 2001 година завршил високо образование на Филолошки факултет „Блаже Конески” при УКИМ, катедра – Македонска книжевност и јужнословенски книжевности и се стекнува со право на стручен назив Професор по Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик.
Во 2006 година, за прв пат се вработува како наставник по Македонски јазик и литература во СУГС Гимназија „Панче Арсовски“.
Во 2018 година е избран за вршител на должност директор, а на 06.02.2019 година е именуван за актуелен директор.
Во изминативе години активно се залага за успехот на училиштето, како и за негова реконструкција (обновување и реновирање ).