Почитуван/а

Оваа гимназија се вика СУГС „Панче Арсовски” и се наоѓа во населбата Автокоманда, во општината Гази Баба и е единствена гимназија во оваа општина. Именувана е по народниот херој Панче Арсовски, кој во беспоштедна борба го положува својот живот на слободно Скопје, на 13 ноевмври, 1944 година.

Зародишот на ова училиште датира од далечната 1960 година, кога за потребите на скопската Железарница отпочнува со работа со цел да се оспособи квалитетен кадар. Низ своето опстојување, според намената и потребитe, го менува својот предзнак. Па, така од Центар за образование при Рудници и железарница „Скопје” – Скопје во 1961 година, се преименува во Машинско – металуршки центар „Панче Арсовски”, во 1979 година, за во 2006 година да премине во ингеренции на Град Скопје и се именува како СУГС Гимназија „Панче Арсовски” Скопје.

Денес во училиштето се застапени сите гимназиски подрачја (општествено – хуманистичко А и Б подрајче, природно – математичко А и Б подрачје, јазично – уметничко А и Б подрајче).

За квалитетот на образованието се грижи наставниот кадар за што говорат бројните награди и признанија освоени од учениците.

Во ова училиште завршиле 40 генерации Металуршки техничари, 35 генерации со занимање од Машинска и Металуршка струка и практична обука и 20 генерации со гиназиско образование.

П.С.

Доколку сте љубопитен читател, сте побогати за краткиот историјат на училиштето, а доколку планирате да се запишете тука, ќе имате можност да ги испишете празните страници за иднината на училиштето.