Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско
аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за
образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за
средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Јунски уписен рок
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни 2026 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 17 јуни 2026 година од 08.00 часот до 15.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2026 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни 2026 година од 08.00 до 15.00 часот.
