ДЕН НА МИРОТ 21.09.2024🕊️☮️Учениците од СУГС “Панче Арсовски”и учениците од АСУЦ” Боро Петрушевски” преку своите знаења, креативност и здружена работа се вклучија во активности: Работилница на тема : Градење мир и Мировно образование”,“ Дрво на мирот”и “Клуч до мирот”во одбележување на 21 Септември – Меѓународниот ден на мирот. Активностите беа под менторство на професорките  Даниела Јовчевска Михајловска по македонски јазик и литература, Ленче Спасовиќ по биологија и професорот Спасе Блажевски по историја, како и професорката Катерина Јакимовска од АСУЦ “Боро Петрушевски”кои се вклучени во програмата за Мировно образование при Детската амбасада Меѓаши.Посебна чест и задоволство ни претставуваше што нашето училиште беше посетено и од страна на претседателот Драги Змијанац и Гордана Пиркова – Змијанац основачи на првата детска амбасада Меѓаши кои им се обратија на присутните на работилницата со свое излагање за историјатот на првата детска амбасада во светот Меѓаши и нејзините активности.Ваквите активности придонесуваат кон поголема сплотеност и создавање на позитивна работна атмосфера како и поттикнување на учениците кон нивно себеизразување. 🕊️☮️

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *