Новата и единствена платформа за електронско запишување ученици во средните училишта овозможува запишување во само 4 чекори.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско
аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за
образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за
средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
Првото електронско пријавување на учениците се врши од 00:00 часот на
14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.

  • Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни
    2025 година од 08.00 часот до 19.00 часот и на 19 јуни 2025 година од
    08.00 часот до 17.00 часот.
  • Конечна ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места,
    секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00
    часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страна.

Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025
година од 00.00 часот до 23.59 часот.

  • Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули
    2025 година од 10.00 часот до 19.00 часот.
  • Конечна ранг листа со резулатите од запишувањето и слободните места,
    секое училиште ја објавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00
    часот, на јавно место на училиштето и/или на училишната интернет