Со задоволство ги објавуваме резултатите од Конкурост за средношколци ,,Истовременици: истражи или замисли ” на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ. На конкурсот кој траеше до 10.04.2024 се пријавија ученици од цела Македонија(Скопје,Струмица,Тетово,Штип,Битола,Крива Паланка и др.)Повеќето од нив ја разбрале темата-да пронајдат најмалку две личности кои живееле во исто време и да ја опишат нивната соработка или истата да ја замислат по принципот ,,што би било кога би било”. Прво место го делат три труда со сличен квалитет,а чии авторки се од нашето училиште.
1-то место за нашите ученички:
Мила Савиќ, СУГС ,,Панче Арсовски” – Скопје ,,Франц Кафка и Чарли Чаплин”
Стефанија Димишковска, СУГС ,,Панче Арсовски” – Скопје ,,Флоренс Најтингел Толстој”
Нина Гапоковска , СУГС ,,Панче Арсовски” – Скопје ,,Мерлин Монро и Елвис Присли”
Им благодариме и на менторите,особено на професорката Валентина Јорданова од каде пристигнаа најголем број трудови.