Драги деветтоодделенци, објавен е Конкурс за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година.

Овде може да се погледне конкурсот за запишување во нашето училиште 2026/2027 година.

Врз основа на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија,објавен од Министерството за образование и наука,Училишната комисија за Средно училиште на Град Скопје Гимназија “Панче Арсовски” за запишување на ученици во учебната 2026/2027 година,на ден 08.04.2026 година го објави следниот:

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Почитувани,ве известуваме дека на ден 08.05.2026 година (петок) во нашето училиште ќе се одржи “Отворен ден” за сите ученици и родители.Отворениот ден ќе се реализира во период од 11:00 до 14:00 часот.Ве очекуваме.