Патрониот празник се обележа во просториите на училиштето, каде пред присутните наставници со свој прикладен говор се претставија група на ученици. Учениците прочитаа текстови со кои ја обележаа 100-годишнината од раѓањето на најголемите великани во историјата на македонскиот јазик и литература – Блаже Конески и Коле Чашуле. Во духот на бесценетата вредност и значењето на македонскиот пишан збор, со свој говор се надоврза и директорот на училиштето. Тој, исто така, ја истакна и важноста и значењето на просветните работници, а особена чест и признание им одаде на тројца колеги кои оваа година го завршија својот работен и го започнаа својот пензионерски животен век.  Со положување цвеќе пред спомен бистата во училишниот двор, почит му беше одадена и на патронот на училиштето, Панче Арсовски.По завршување на церемонијата, присутните беа поканети на свечено отварање во просторијата на новата современа и модерно опремена библиотека и читална.