На ден 20.02.2026 година Во нашето училиште се реализираше предавање за кариерно советување наменето за учениците од четврта година, со присуство и на ученици од трета и втора година. Настанот беше организиран од страна на кариерниот советник Дарко Трајановски, со цел да им се помогне на учениците во донесувањето одлуки за нивниот понатамошен образовен и професионален развој.
Предавањето го одржа г-дин Мартин Стрезовски од Стопанска комора на Република Северна Македонија, кој ги запозна учениците со можностите за продолжување на образованието, значењето на факултетот за личен и кариерен развој, како и со потребите на пазарот на трудот. Учениците активно учествуваа во дискусијата и покажаа голем интерес за темата.
Настанот придонесе за подобра информираност и охрабрување на учениците при изборот на нивниот понатамошен животен и професионален пат.




