За секоја генерација гимназијалци, во трета година се реализираше повеќедневна научна екскурзија низ повеќе европски држави. Притоа посетувани беа значајни културни и историски знаменитости. Секоја екскурзија за учениците претставува незаменлив настан кој се памти целиот живот. Многу фотографии, видеозаписи, случки, згоди и незгоди, незаборавно дружење … остануваат во спомените на учениците.